16.8 C
Skopje
сабота, март 22, 2025
Место за реклама
Атанасовски
дома Култура

Култура

Културното живеење во Илинден до ослободувањето на Македонија во 1944 година било на ниско рамниште и со ограничени активности. Културно забавниот живот воглавно бил застапен за време на верските празници , традиционално се одржувале во дворот на селската црква или на сред село. Забавите со народни инструменти ги спроведувале поединци мештани кои знаеле да свират на народните инструменти.Месното население, тогаш, ја користело приликата заеднички, со гостите од другите села, да ги прикаже вештините во играењето на традиционалните македонски ора и пеењето на старите изворни македонски песни. Но, имало и поединци, како што биле надалеку познатите лица кои имале посебна наклоност и дарба да изведуваат разни скечеви, да кажуваат вицеви, саркастично да се потсмеваат на некоја појава или настан, а често пати, да се нашалат на своја, но, и на туѓа сметка. Тие, за да бидат поверодостојни, често пати носеле и соодветни маски, со кои уште повеќе го привлекувале вниманието и предизвикувале општа смеа и опуштеност меѓу гостите и месното население.

Некогашниот центар на Илинден

0
Фотографијата е од 1963 година направена на денес главната улица ,тогаш макадемски пат помеѓу домот за стариот дом и црквата, а во позадина на домот е управната зграда на Земјоделската Задруга Македонија  . Кога веќе...

АНПИ „ИЛИНДЕН“-Илинден

0
Во своето десетгодишното активно постоење КУД „Илинден“ беше едно од поактивните друштва во градот Скопје и учесник на сите поважни манифестации во Илинден, Скопје , Македонија и во поранешна СФРЈ. За жал, овој успешен...

Зајдисонце видено од Илинден

0
Фотографија од вечерашното зајдисонце водено од Илинден

Божин Димовски со семејството

0
На фотографијата Божин Димовски , со Јованка и нивните деца Трајче и Тања. Инаку Божин е од Ајватовци , а Јованка од Мршевци и од 1980 година се во Австралија.

Тоде Илиевски, уметник-аматер

0
Tode Ilievski од Илинден, пензионерските денови покрај другото ги поминува и со  уметничко творење на уметнички творби кои спаѓаат во областа применета уметност. Ова пред се тој го прави за лично задоволство и пополнување на...

Панорамска зимска фотографија

0
Фотографија со панорамски поглед над Илинден и Марино , ноќни , ама и зимски амбиент.

Дел од семејство Дурански

0
На фотографијата синови ,ќерка и снаи на Свка и Владо Дурански . Од лево кон десно Стојанка ,Бранко,Љубинка , Раде и Стојанка

Marjan Ristovski ,уметник-вајар

0
Marjan Ristovski ,уметник-вајар Тој е квалификуван металски работник и највероватно затоа, металот му е основа за изработка на уметничките дела-скулптури. За изработка на уметничките дела користи(нерѓосувачки ) инокс метал и со неговите вредни и вешти раце...

Ненад Божиновски-Уметник

0
Ненад Божиновски , жител на населба Илинден ,покрај редовната професија, аматерски се занимава и со сликарство.Оваа година беше учесник  на новогодишно-божикната изложба што се одржа во  домот на Култура во Илинден  и се престави...

Блаже Донев-Уметник

0
Blaze Donev, уметник ,живее во Илинден ,каде го завршува и основното образование.Во 1987 год. завршува средно образование во Скопје. Сликарството го осознава преку афирмираниот академскиот сликар Новица Трајковски , кој живее и твори во...

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

ПРОЧИТАЈТЕ ПОВЕЌЕ