26.8 C
Skopje
недела, јули 3, 2022
Место за реклама
САТРА
дома СПОРТ

СПОРТ

Повоениот период ,1945-1946 во селата започнале да играат фудбалски натпревари со вистински фудбал, а не како дотогаш со топка од крпи.На почетокот фудбал најчесто се играл по ливадите ,пасиштата таму кај што децата го напасувале добитокот.
50-те години селските одбори формирале повеќе секции за забава на младите ,секако најголем интерес имало за фудбалот ,започнале да се градат прописни игралишта
Настапите на меѓуселските натпревари обично се одржувале во неделите. Тој ден, сите жители на селото, за да присуствуваат на натпреварот, ги прилагодувале своите земјоделски обврски согласно терминот кога почнувал и кога завршувал натпреварот, за да можат непречено да ги следат натпреварите на својот омилен клуб. Кога се одржувал натпреварот (утакмицата), посетеноста од месното население била огромна. Сите жители на селото, без ралика дали биле стари или млади, како под команда оделе накај фудбалското игралиште. За време на настапите во други села, Клубот го следела голема навивачка група. Се одело пешки, со велосипеди, со коли, со камиони, со трактори итн.

Нема мислења за прикажување

Место за реклама
Фреш Фарм

Популарно