*Поволната и природно заштитена позиција условила местото да биде населено уште од периодот на енеолитот (3. милениум пред н.е.), меѓутоа, според археолошките остатоци, се чини, дека во два периоди претставувал регионален центар, во периодот 4-3 век пред н.е. и во периодот на доцната антика, па се до Средниот век”.
Четириесетте цркви од различни историски периоди се причина локалитетот Костоперска Карпа во Младо Нагоричино (познат и како Жеглиговски Камен и како Св. Петка) да биде нарекуван и како Мала Света Гора.
Овој локалитет доминира со регионот на Кумановско Поле, а претставува природна форма на изгасната вулкан и како таков релјеф, е уникатен.
Првите истражувања на локалитетот се започнати во 1983-та, но работено е и во 1987, 1988, 2000, 2005 при што е откриен тенок енеолитски слој со богат материјал на Акрополата, повеќе градби, цистерни и ранохристијанска базилика со раносредновековни погребувања во неа.
На овој лакалитет откриена е и подземна просторија со недефинирана функција во југозападниот дел, една црква во западното подножје, како и некропола од доцноримскиот период.
Пред само 100 години, патеписците кажуваат за постоење остатоци на уште најмалку 2 цркви кои денес не ги знае. Инаку, од истите патеписци постои податок дека Турците го нарекувале селото Младо Нагоричане со името Кирклисе, што значи четириесет цркви”.
“Самите релјефни форми се уникатни и нудат пејзаж кој го нема никаде на Балканот. Двете сочувани цркви (од кои на едната и треба итна конзервација) се едни од најрепрезентативните споменици на поствизантиското сликарство и треба да бидат отворени за посетителите. Со помали интервенции, мистичната подземна просторија исто така може да се прилагоди за посети на туристите. Според кажувањата на Дејан Ѓорѓиевски од Музејот на Куманово.