Хидрографски карактеристики на територијата на населба Илинден

0
279

На територијата на населбата не поминува ниедна река или било каков друг природен водотек. Ваквата состојба ја менуваат високото ниво на подземните води и каналската мрежа. Тука поминуваат два главни одводни и еден ободен канал со повеќе помали канали “сисавци”, кои имаат улога високите подземни и површински води да ги однесат во главните канали. Подземните води, се јавуваат на многу високо ниво на почвата, воглавно од 1 до 18 метри. Тие, долго време се користиле за лична и домашна потреба како и за наводнување на земјоделските култури. Територијата каде што денес се наоѓа населбата Илинден, во минатото многу често била поплавувана од реката Вардар, која често се излевала и многу пати го менувал своето корито. Според кажувањата на постарите жители од Илинден, на местото кај што е ископан каналот што поминува низ селото, бил е најсеверниот крак, каде што течел Вардар сé до регулацијата на неговото корито.

 Целиот крак што се двоел од реката Вардар од Трубарево и поминува низ Илинден, Марино, Кадино и Мралино и, се така до повторно соединувањето со Вардар, наречен е „азмак“ .Самиот збор „азмак“ означува ниска земјана површина, обрасната со барска вегетација, низ која протечува вода или пак долго време се задржува дел од истата. Ваквата состојба се ублажила со изградба на насип на реката Вардар од 1931-1934.После поплавите и повлекувањето на Вардар во своето корито, останувале големи површини под вода, од кои потоа се формирале бари и се задржувале долго време во годината. Територијата на населба  Илинден била често поплавувана и во периодот по регулирање на коритото на Вардар ,односно и по прокаопани и двата главни канали. Но, сега тие  поплави случувале од  поројните води кога дотечувал „криви дол“ од ридскиот дел, на северната страна од населбата. Поради честите вакви поројни наноси, горниот слој од почвата, во висина од 20 до 30 сантиметра, е со талог од црвена земја. Црвениот талог водата го носела од ридот, лоциран во горниот дел од населбата. Поради ваквата неповолна состојба, во 1964 година, тогашното водостопанство “Вардар” и пошироката заедница, го подигнале ободниот канал во подножјето на ридот.

Овој канал има улога да ги собере поројните води од ридот и да ги однесе до реката Вардар, со што се реши проблемот со честите поплави од поројните води кои доаѓаа од ридот. Ободниот канал  се протега од шамакот над хотелот “Белви” и поврзан е со реката  Вардар  во близината на с. Петровец. По регулирањето на коритото на реката Вардар и подигањето на неговите насипи, како и изградбата на ободниот канал, во голема мера се намалило дотогашното често поплавување на селото. Но, и покрај тоа, се случувало, во одредени години, населбата повторно да биде поплавувана од реката  Вардар или од високите подземни води. Овие поплави нанесувале големи материјални штети во земјоделското производство, а имало години кога од водната стихија биле срушени доста куќи и други помошни простории на месното население. Такви поголеми поплави предизвикани од излеаната р. Вардар имало во 1962, 1979 и во 2001 година.

Интересно е да напомене дека двата одводни канали, кои поминуваат еден низ сред село, а  другиот низ полето, се до 1970 година биле со чиста вода и служеле за напојување на добитокот и за капење на населението. Притоа, каналите имале  и богат рибен фонд.

Претходниот артикал,ЃОРЃИЈА ПИЛИЧКОВСКИ,познати личности од Илинден
Следната статијаOOУ ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ -4-в

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука