Противпожарни мерки и упатства

0
293

Општинскиот противпожарен сојуз Илинден по повод претстојните првомајски празници ги известува сите посетители-излетници кои ќе ги посетат излетничките места на подрачјето на oпштина Илинден дека согласно законските прописи се забранува палење отворен оган во шума и фрлање и оставање отпад на јавна површина. 

Доколу и покрај забраната одлучите да запалите скара на отворено, посебно внимание да сепосвети на следното:

– Отстранете ја сувата трева околу местото на кое ќе ја поставите скарата;
– Не дозволувајте децата да си играат со запалени хартии и суви гранки околу скарата;
– Во непосредна близина односно на дофат на рака секогаш имајте вода;
– Не напуштајте го огништето додека не се уверите дека огнот потполно е изгаснат и пред поаѓање пепелта и жарот полејте ги со вода;
– Внимавајте на отпушоците додека престојувате во шума;
– Не фрлајте и не оставајте отпад.

Патрола на ОППС Илинден ќе врши постојани обиколки и контроли на терен.

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука