НА ДЕНЕШЕН ДЕН-19 ЈУНИ

0
124

*19 јуни 1913 –   започнало Тиквешко Востание,  првиот бунт против српската власт. Востаниците успеале да ги протераат српските чиновници и писари од општинската зграда во Кавадарци и симнувајќи го српското знаме, го поставуваат тиквешкото револуционерно знаме. На 20 јуни е одржано и свечено собрание на коешто е избрана и градска управа составена од 12 видни кавадарчани.На востанието му претходеле протерување на учители и свештеници, потоа убиствата на Наца Пинџурова и едно момче Александар Видов кој изјавил дека не се чуствува како Србин, како и силувањето на младата невеста Марија Тодорова од Ваташа, но и убиството на цела турска фамилија од педесетина члена, меѓу кои и деца. Тиквешките востаници, заедно со четите на војводите Христо Чернопеев и на Петар Чаулев се оставени сами на себе во обидот да се соочат со српската војска, но не успеваат во своите напори. Слободата траела само седум дена, кога Србите испраќаат голема војска предводена од Василие Трбиќ како и од Јован Бабунски и Јован Долгач. На помош на српската војска иде и башибозук на Јаја Ага со 250 вооружени души.Во востанието загинале околу 1.000 тиквешани од коишто на 500-тина имињата со сигурност им се знаат меѓу кои голем број мажи, жени, деца и старци биле убиени, заклани и живи изгорени.150 кавадарчани се врзани на колје во центарот на градот и се оставени да висат 30 часа под пеколното сонце, а после тоа заедно со уште 50 други кавадарчани се одведени во месноста

Полјаната и стрелани. Запалени биле над илјада куќи, а околу 2.700 луѓе биле затворени. Војската вршела страшен терор и во реонот околу Криволак – колеле луѓе, а во фурни ги гореле децата. Башибозукот со помош на српските комити за време на Втората балканска војна ги изгореа селата: Хурија, Бања, Будур Чифлик, Дрен, Барово, Џидимирци, Калањево, Патрик и градот Неготино. Во Неготино убија повеќе од 500 граѓани, а во селата Прждево 17, во Долна Драчевица 8, Бања 22, Будур Чифлик 8, Дрен 7. Копришница 6, Бохула 2, Вешје 4, Долни Дисан 12 и Курија 15 души.” – пишува тиквешкиот свештеник Димитар Георгиев во својот дневник за масакрот извршен од српските власти по задушувањето на Тиквешкото востание..Извор: РТК сподели врска.Позајмено од :revolucionerot.blogspot.mk.

*19 јуни 2012 година во Скопје во својата 90-та година од животот почина Тале Огненовски, еден од најзначајните ликови вомакедонската народна музика. Македонските ора на Огненовски се изведувани во Швајцарија, Франција, Шведска, Финска, Велика Британија, Данска, Австрија. Со ансамблот „Танец“ настапувал на најпознатите концертни сцени во Северна Америка и во Европа со фантастичен успех. Особено се издвојува неговиот концерт во престижната концертна сала „Карнеги хол“ во Њујорк во 1956
Добитник е на голем број награди во Југославија и во Македонија, меѓу кои и државната „11 Октомври“ во 2003 година. Македонскиот уметник Тале Огненовски аранжираше и делови од концертот за кларинет на Моцарт, како и за два кларинета, по повод 250-годишнината од раѓањето на големиот композитор

*19 јуни 1932г. Одржано е прво предавање преку Радио Скопје под наслов „Скопје некогаш и сега“

* 19 јуни 1934г. роден е Нико Нестор,македонски пливачки маратонец, првиот Македонец кој го препливал Ла Манш. Тој бил член на ПВК “Охридски бранови“ од Охрид. Од 1948 до * 1967 година учествувал на републичките првенства во пливање на кои освоил 14 први места и поставил наколку републички рекорди. Во периодот од 1954 до 1959 година се истакнал во пливање на долги патеки на Охридското Езеро. Во 1958 го препливал езерото од Св. Наум до Струга за 11 часа и 28 минути, а во 1959 година го препливал Ла Манш за 12 часа и 6 минути.

*19 април 1941г.во Македонија влегла бугарскита војска. Македонија беше поделена меѓу Германија, Италија и Бугарија.
Окупацијата на Македонија во Втората светска војна била спроведена по капитулацијата на Кралството Југославија и Кралството Грција. Притоа, освен порано вклучениот Пирински дел на Македонија, Бугарија го анектира и најголемиот дел од Вардарскиот дел и дел од Егејскиот дел на Македонија (до реката Струма и островите Тасос и Самотраки), со вкупно 21.460 км² и околу 876.000 жители. Италија го доби најголемиот дел од Западна Македонија со градовите Тетово, Гостивар,Кичево, Дебар и Струга и други.

* 19 јуни 1991 година, пред Рајхстагот во Берлин, во кој се одржуваше министерскиот состанок на КЕБС, се одржа мирна демонстрација на Македонците, кои го кренаа својот глас за Македонија. Врз министрите вршеа притисок Македонија да биде меѓународно признаена, да дознаат Европа и светот за нејзината богата историја, култура, фолклор, за судбината, за делбите, парчосувањата, поробувањата низ вековите, за оспорувањата на нејзиното право да биде самостојна, суверена држава со своето историско име.

* 19 јуни 1997.– Во Скопје умре Георги Арсовски, македонски писател и литературен критичар. Во 1966 година ја објави првата книга “Приказни за мојот син”, а во 1977 година последната книга “Монолози” (поезија). Роден е во Велес, на 15 јануари 1927 година.

* 19 јуни 2001.– Во Скопје умре Рајко Јовчевски, македонски писател за деца, преведувач и новинар. Неговата прва објавена книга е “Еден малечок свет” (поезија, 1967 година). Пишуваше и раскази и романи. Роден е во селото Луково, Струшко, на 23 февруари 1937 година.

Претходниот артикал,Легенда за „ГИНОВЦИ“-Кучевиште
Следната статијаКолку села има во Македонија

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука