НА ДЕНЕШЕН ДЕН-2 АПРИЛ

0
90

-2 април1864 година во с. Варош, Прилепско. Образованието го стекнал во Прилеп, Битола и во Солунската егзархиска гимназија од каде во 1885 година бил исклучен заедно со дванаесетина другари. Учителствувал во Штип, Скопје, Битола и Солун (1895-1897). Додека учествувал во Битола станува и член на ТМОРО. Основач е и главен редактор на весникот „Бунтовник“. Во 1895 година доаѓа во Солун, и веднаш станал член на ЦК. Во 1896 година ја публикувал својата книга „Материјали за проучување на Македонија“. Во 1896 година, заедно со Гоце Делчев го изработиле Уставот на ТМОРО.Од 1896 до 1902 година, заедно со Гоце Делчев, бил задграничен претставник на ТМОРО во Софија.За време на Илинденското востание учествувал со голема чета во борбите во Прилепско-мариовскиот крај. Учесник е на Прилепскиот (1904), Струмичкиот (1905) и Рилскиот конгрес (1905), На Рилскиот конгрес на ВМРО бил избран повторно за член на Задграничното претставништво во Софија.Убиен бил на 28 јуни 1921 година во Софија.

-2 април – Меѓународен ден на свесноста за  аутизам, денес облечи се во сино или стави само еден моден детал во таа боја во знак на поддршка на децата и лицата со Аутизам.Или стави сосема друга боја ако неа не ја обожуваш но на себе дај си збор :Ќе се обидеш да ја отвориш душата и границите за овие лица од кои можеш да научиш како се прави тоа ;Вети на себе како ќе се обидеш да ги почитуваш сите луѓе и во сите ќе го бараш скриеното добро ,ако не умееш како-научи од чистотата на овие лица.Ако не можеш ни ова,не стои ни на патот.Ако не помагаш за подобро сега и утре -не одмагај …Дозволи им да летааат безгрижно и чисто ..Дозволии им да се радуваат на нешта и ситуациите кои ,,типичниот”човек не ги ни перцепира.Да тие знаат целосно да се обземат од убавината на сонцето и месечинатата… Фантазирај заедно со нив или едноставно не стои на патот на ,,несовршеното” совршенството.

-2 април 1921 година,убиен е Лјамбе Блажев .Револуционер и деец.Роден бил во охридското село Опеница во 1880 година. Зет бил на ревлолуционерот Илија Јосифов и Наум Јосифов Нунков. Се преклучил кон ВМОРО и делувал за време на Илинденско- Преображенското востание како четник. Ранет бил во битката кај Раштани 31 август во пределот на раката при што останал инвалид. 
Во 1915 година за време на Првата балканска војна, за време на повлекувањето на србите од Охрид Лјамбе убил двајца војници кои му ја ограбувале продавницата. Подоцна во 1918 осуден бил од новата српска власт на 20 години тешка робија заедно со Филип Кипријанов кои изфрлил табла со српски надпис. Подоцна печациониот суд му ја заменил казната со смртна пресуда која била изрвшна кај месноста Реча-охридско на 2ри април 1921 година. Лјамбе зад себе оставил сопруга и шест деца кој биле принудени на судот да платат отштета од 6000 динари.

-2 април 1905.- Официјално е отворен железничкиот тунел Симплон под Алпите кој ги поврзува Швајцарија и Италија.

-2 април 1907,загинува Михаил (Мише) Спиров Развигоров  е македонски револуционер и војвода, деец на ТМОРО и учител. По Виничката афера во 1897 година, тој бил осуден на доживотен затвор и заточен во Подрум Кале, Мала Азија. Амнестиран е во 1902 г. и учествувал во Илинденското востание. По Востанието останал нелегален војвода во Штипската околија. Во март 1907 г.,  во борба со османлиска војска, се самоубил во запалена куќа. Со дозвола на турските власти, во присуство на голем број граѓани, Мише Равигоров бил погребан на градските гробишта, до црквата „Св. Спас“. Во знак на сеќавањето на неговото дело, народот испеал неколку песни за Мише Развигоров. ,(според Википедија)

-2 април 2016 година,  – На 84 годишна возраст,  во Женева, Швајцарија, почина Владимир Ралев, голем филантроп, бизнисмен, донатор и македонски патриот. На покана на претседателот на Републиката во 1992 година, Владимир Ралев беше организатор и координатор на Светскиот Македонски Конгрес со седиште во Женева. На 8 август 1997 година Владимир Ралев и Тодор Петров потпишаа заедничка Изјава за обединување на Светскиот Македонски Конгрес со седиште во Швајцарија регистриран во 1994 година и на Светскиот Македонски Конгрес со седиште во Македонија регистриран во 1990 година, во еден и единствен Светски Македонски Конгрес.Со одлука на Владата на Република Македонија, Владимир Ралев беше именуван за почесен конзул на Македонија во Женева, Швајцарија, каде успешно ги користеше своите релации во Организацијата на Обединетите Нации во Женева за македонските работи и за Република Македонија.Владимир Ралев беше еден од најголемите донатори на Македонците во соседните земји на Републиката, а големи количини платно донираше за потребите на МВР, АРМ и државните болници низ Македонија.

-2 април 2016г.,почина  Академик Глигор Чемерски е роден во Кавадарци на 9 март 1940 година. По завршеното средно образование во Скопје се запишува на Академијата за ликовни уметности во Белград, каде што дипломира во 1963 година. Сликите на Глигор Чемерски се застапени во многубројни уметнички државни институции во земјава и во странство, како и во многубројни приватни колекции во Скопје, Париз, Амстердам, Хаг, Стокхолм, Рим, Њујорк, Вашингтон, Вилмингтон, Феетвил и др.За своето творештво, тој е добитник на многубројни награди и признанија, меѓу кои и на високите награди „13 Ноември“ и „11 Октомври“.

-2 –април 2022г. почина Ѓорѓе Марјановиќ, истакнат интелектуалец, професор по кривично право на правниот факултет во Скопје.

Марјановиќ дипломирал на Правниот факултет во Скопје во 1962. Магистрирал на постдипломските студии по казнено-правни науки на Правниот факултет во Загреб во 1968 со тезата: “Правните последици на осудата”.Докторирал на Правниот факултет во Скопје во 1973 со тезата “Правната положба на осуденикот по издржаната казна”. Сиот работен век, освен приправничкиот стаж (1962-1964) во Основниот суд-Скопје II, го поминал на Правниот факултет во Скопје: асистент (1965-1974); доцент (1974-1979); вонреден професор (1979-1985) и редовен професор (1985-2001). По воведувањето на повеќепартискиот систем ја основа и е избран за претседател на првата опозициона партија во Македонија – Лига за демократија (од 21 ноември 1989 година, кога ја напишал нејзината политичка платформа). На чело на партијата е до 2006 година, кога по парламентарните избори, се повлекува од функцијата претседател на Лигата за демократија.Познат е по своите колумни во „Дневник“, а по локалните избори 2005 година е советник во Советот на град Скопје. Ѓорѓе Марјановиќ е роден во Стара Моравица, Србија, на 6 мај 1939 година.

Претходниот артикал,НА ДЕНЕШЕН ДЕН-1 АПРИЛ
Следната статијаКако Бунраџик го добил името на селото.

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука