На денешен ден – 2 Ноември

0
154

* 2 ноември 1908 г. роден е Коста Рацин – македонски поет, раскажувач, есеист, публицист, филозоф, општествено-политички деец, исторски истражувач, комунист и партизански борец. Иако самоук, Рацин е еден од најистакнатите македонски интелектуалци во меѓувоениот период, еден од основоположниците на современата македонска литература. Познат е по својата збирка песни „Бели мугри– е “. Освен со поезијата, Рацин пишува проза и има неколку значајни трудови од областа на литературната критика, филозофијата и историјата .Починат(убиен)е на Лопушник, Кичевско, 13. VI 1943г.

* 2 ноември1903.- На врвот Маргара, близу до селото Чаниште, Мариовско, се водеше тешка борба меѓу четите на Ѓорче Петров, Лазар Поп Трајков, Иван Попов, Лука Иванов, Циле Кономладски и Јово Јовановиќ, од една, и турската војска, од друга страна.

*2 ноември 1943 година. Кај селото Раштани (кичевско) единици на батаљонот „Мирче Ацев“ воделе тешка борба со балистите. Поради големите загуби балистите се повлекуваат кон селото Зајас. Утредента партизаните го ослободуваат и Зајас.

*2 ноември 1915 г. роден е Никола Минчев – Јане. Роден е во Кавадарци. Завршил основно образование во Кавадарци, а потоа завршил Учителска школа во Скопје. Пред почетокот на Втората светска војна работи како учител во Кавадарци и во неколку села во Македонија. Пред војната се запишал како вонреден студент на Филозофскиот факултет во Скопје. Како младинец учествувал во МАНАПО (Македонски Народен Покрет). Со започнувањето на војната, па се до крајот на војната Никола Минчев извршувал неколку функции: Командант на штабот на Третата оперативна зона, командант на првиот тиквешки партизански одред “Добри Даскалов“, член е на Месниот комитет на ПК за Кавадарци. Бил потписник на Главниот штаб во 1943 г., делегат на АСНОМ и член на Президиумот на АСНОМ. Тој бил делегат на Второто заседание на АВНОЈ, Минчев е прв министер за образование во Македонија. По војната бил избран за прв министер за просвета во првата влада на Р.Македонија и ја потпишал првата македонска азбука и македонскиот правопис. Повеќе од една деценија бил министер за финансии во Владата на ФНРЈ и директор на Сојузниот завод за стопанско планирање. Во 1965г. се вратил во Македонија и бил Претседател на Извршниот совет на Р.Македонија Претседател на Собранието на Р. Македонија и член на Советот на федерацијата се до неговото пензионирање. Како член на Советот на федерацијата волонтерски ја извршувал функцијата директор на металуршкиот комбинат ФЕНИ во Кавадарци. Никола Минчев во текот на целиот живот давал значаен придонес во изградбата на Р. Македонија. Починал во Скопје на 6 април 1997 г.

*2 ноември 1944.- Централниот комитет на Бугарската работничка партија (комунистите) во писмо до генералниот секретар на Комунистичката партија на Југославија Јосип Броз Тито ја призна вината за фашистичките злодела направени во Југославија во Втората светска војна.

A model of a Salyut-7 space station, with a Soyuz space craft docked at each end. The display is in front of one of the pavilions of the Exhibition of Soviet National Economic Achievement located across from the Kosmos Hotel on the north side of the city.

*2 Ноември 1962 – Во село Сливово, Охридско е роден Трајко Вељаноски, Претседател на Собранието на Република Макед

* 2 ноември1978.- Двајца советски космонаути од вселенскиот брод „Саљут 6“ се вратија на Земјата, поставувајќи нов светски рекорд на престој во вселената – 139 дена и 14 часа.

*2 ноември 1982г. Роден БоркоРистовски  македонски ракометар репрезентативец на Македонската ракометнарепрезентација.Настапувал за повеќе македонски и европски  ракометни клубови меѓу кои и  екипата на Рајн-Некар Левен во германската Бундеслига и други.

* 2 ноември1990.- Во Штип умре Панче Мировски, првиот лирски тенор на македонската оперска сцена и своевидна легенда на Штип. Со група ентузијасти под диригентската палка на основоположникот на музичкиот живот во Штип, Сергеј Михајлов, во 1924 година настапи во операта “Палјачи”, која се смета за прво музичко драмско дело, изведено во Македонија. Роден е во Штип, во 1902 година.

Претходниот артикал,Дел од Концертот Вечер на македонска музика
Следната статијаПречек на гости

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука