НА ДЕНЕШЕН ДЕН 5 МАРТ

0
530

 

ФОТОГРАФИЈА ОД МЕСТОТО НА НЕСРЕЌАТА

-5 март 1993.- Авионот од типот “Фокер 100” на авиокомпанијата “Палер Македонија”, веднаш по полетувањето од аеродромот Скопје,се урна на само 400-тини метри од крајот на пистата.,на околу 50 метри оддалеченост од ликалниот пат што води Илинден- Миладиновци. Од 97 патник и членови на екипажот загинаа 83 луѓе.

-5 март 1909 г.–во Скопје роден е  Цветан Димов македонски синдикалец ,деец,, учесник во НОБ,народен херој. Пред Втората светска војна работел како и истакнат работнички организатор во Скопје, организирајќи разни штрајкови. Бил синдикален активист од 1928 година, а во 1933 година станал член на КПЈ Во 1936 година е член на Меѓуструковиот синдикален одбор на Скопје. Бил член на МК на КПЈ, на ПК на КП во Македонија и секретар на Покраинскиот одбор на Црвена помош (1939).Како секретар на МК на КПЈ во Скопје (од почетокот на 1942), работел на формирањето на Вториот скопски НОПО (17 април 1942). Кон крајот на мај 1942 година влегува во составот на Привремениот покраински комитет на КПЈ за Македонија. Но, набрзо, во почеток на јули, е уапсен и, по тешки измачувања, убиен е од бугарските фашисти во Обласната полициска управа во Скопје.За народен херој на Македонија е прогласен на 29 јули 1945г.

-5 март 1915 г. роден е Венко Марковски, поет, драмски писател, еден од основоположниците на современата македонска литература, член на Македонската литературна група, основана во Софија во 1931 година, на Македонскиот литературен кружок (1938 – 1941), учесник во НОВ на Македонија, член на Главниот штаб на НОВ и ПОЈ, член на Иницијативниот одбор за свикување на Првото заседание на АСНОМ, делегат на Првото заседание на АСНОМ… Неговите стихозбирки „Народни бигори“ и „Огинот“, издадени во 1938 година се првите книги стихови на македонски јазик. Најомилен македонски поет се до неговото одење во Бугарија. Поради судир со актуелното раководство на Македонија и на Федерацијата осуден е на работа и интерниран на Голи Оток. 

5 март 1923.- Во селото Големо Илино, Кичевско, е роден Ристо Лозановски, македонски академски сликар. Неговиот опус изнесува околу 150 слики во маслена техника, повеќе цртежи и графики. Умре во Белград, на 13 мај 1965 година.

-5 март 1926 година. Во Тетово роден е ЛАЗО МИЛОШЕВСКИ,завршил Сојузен курс  за атлетски инструктори во Белград. Тој беше најпознатиот македонски атлетичар и спортист во 50-те години. Уште на самиот почеток на својата богата и успешна спортска кариера, во годините непосредно  по Втората светска војна, Лазо Милошевски го манифестираше својот раскошен талент, поставувајќи рекорди во дисциплините од 200 до 800 метри. Со текот на времето, неговите рекорди беа соборени од неговите наследници, но ако се погледне листата на атлетските рекорди на Атлетската федерација на Македонија, може да се забележи дека Лазо Милошевски сѐ уште го држи државниот рекорд на Македонија на 300 метри со резултат од 33,7 секунди, а постигнат  во далечната 1950 година.

-5 март 1953.- Во Македонија е организирана првата акција за доброволно дарување на крв.

-5 март 1961 година, Вардар го забележа еден од најголемите успеси во својата историја, обезбедувајќи финале во Купот на Југославија, пехар кој што подоцна ќе го подигне во своите раце

-5 март 1964.- Во Битола умре Милтон Манаки, прв македонски и балкански филмски снимател. Првите снимки ги направи во 1905 година. Главни негови трудови се: репортажа за престојот на последниот османлиски султан Решад во Битола во 1911 година, сцени од бесењето на македонските борци за независност на Македонија и епизоди од балканските војни, како и многу други снимки од историска важност. Носител е на “Илинденска споменица 1903”, на многубројни награди, како и на наградата за животно дело во Пула во 1963 година. Роден е во селото Авдела, Костурско, во 1880 година.

-5 март 1992.- Домот на младите “25 Мај” во Скопје го промени името во Младински културен центар.

– 5 март 2006 година во Битола почина Вангел НЕЧЕВСКИ-Тунелот. Роден бил во Битола на 17 март 1922 г. Бил припадник на македонското националноослободително  движење и учесник во Антифашистичката војна во Вардарскиот дел на Македонија.  По фашистичката окупација бил ангажиран во акциите на Месниот комитет на КПЈ за Битола за собирање оружје и за растурање пропаганден материјал. Бил уапсен од бугарската фашистичка полиција во почетокот на 1942 г. По половина година интернација, се вратил во Битола и кон средината на 1942 г. станал борец во Партизанскиот одред “Дамјан Груев”. Подоцна бил курир на Главниот штаб на НОВ и ПОМ. Одржувал редовни врски со грчките и со албанските партизани, пренесувал илегално одговорни политички и воени раководители. Бил носител на Партизанска споменица 1941 г., на други награди и признанија, а за народен херој бил прогласен на 20 декември 1951 г.

Претходниот артикал,Легенда како настанала Гевгелија
Следната статијаВерување за моќта на црвениот конец

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука