НА ДЕНЕШЕН ДЕН-6 АПРИЛ

0
128

-6 април 1900 година поради револуционерна активност бил уапсен Даме Груев затворен две години, по што во мај 1902 година бил заточен во Подрум.Во битолскиот затвор имал право на видување со посетители, и бил во тек со се’ што се случувало пред востанието. Од зтворот имал можност и да се допишува – со шифри. Од затворот раководел со битолскиот санџак.. Од затвор бил пуштен  пред Велигден во 1903 година. 

 -6 април 1903 година се водела на планината Готен, Малешевско, Источна Македонија. Борбата се водела помеѓу здружените чети на Македонската револуционерна организација и турскиот аскер. На чело на здружената чета стоеле војводите: Христо Чернопеев, Коста Мазнејков, Делчо Кочов, К. Кондов, Никола Дечев, Питу Гули, Ванчо Србакот, Тимо Ангелов и др . Бројот на комитите изнесувал околу 250-270 души. Четата била опколена од страна на турската војска на врвот Готен, при што на помош им дошол и врховистичкиот војвода Никола Лефтеров со својата чета. Ноќта на 6 април опколените комитеи тргнале на јуриш при што од своја страна имале 25 загинати додека пак бројот на загинатите и ранети турски војници изнесувал околу 200 души.

-6 април 885г.умрел сесловенскиот просветител Св. Методиј Солунски ,постариот брат на Кирил,со кого ја составил првата словенска азбука,глаголицата.

-6 април 1941г.    Во раните утрински часови, покрај останатите југословенски градови, Луфтвафе го бомбардираше и СКОПЈЕ. Загинаа над педесетина скопјани, поголем број беа ранети, а градот претрпе значителни материјални штети.Во попладневните часови во Скопје, влегоа првите германски воени трупи, а за неколку дена, беше окупирана и цела Македонија

-6 април 1941г. Роден е Иван Беќарев,српскифилмски и театарски актер ,кој има македонско потекло..

-6 април 1941.- Силите на Оската (Германија, Италија, Унгарија и Бугарија), без објавување на војна го нападнаа Кралството Југославија,односно на Македонија
05,00 ч. е ударот од силни состави на германската авијација кои вршат напад на војните аеродроми кај Скопје и Куманово едновремено со другите низ тогашна Југославија (во Ниш, Загреб, Брежица и Љубљана).
05,20 ч.12-та армија оди во напад, 40-ти корпус и 2-ра оклопна дивизија, 18-ти корпус напаѓаат од Крива Паланка до Беласица со тежиште на комуникациите Ќустендил-Куманово, Горна Џумаја-Царево село (Делчево) и Петрич-Струмица, со ангажирање на оклопните дивизии во првиот ешалон. Отпорот на граничните единици и деловите од Брегалничката, Моравската и Шумадиската дивизија и Струмичкиот одред, Германците бргу го совладуваат : 9-та оклопна дивизија ја завзема Крива Паланка и Страцин, 73-та пешадиска дивизија избива пред кочани а 2-та оклопна дивизија продира во Струмица откаде дел од силите упатува кон Дојран.
06,30 ч. е новиот налет во кој најжестоко сепак е нападнат Белград но и другите поголеми градови меѓу кои од Македонија особено е Скопје на удар.
12,30 ч. но и попладне и предвечерта со вкупно 484 бомбардери следени од 250 ловци повторно се бомбардираат поголемите и позначајни градови и области од Кралството. Од Македонија особено страда железничкиот и друмски сообраќај посебно во областа на Скопје.
На овој брз продор од германските трупи југословенските кралски оружени сили немаа соодветна одбрана.Поедини нивни авијатичари стапуваа во борба, но без посебен успех, или беa бргу рушени или принудувани да се повлечат од воздушните двобои.При крајот на денот кога ја согледа состојбата на боиштата, Врховната југословенска команда, за да ја поправи особено тешката состојба во Македонија, му наредува на Командантот на 3-та група армии да на 07.IV.1941 год. со 3-та армија превземе офанзива на албанскиот фронт. Тој со тупите од 3–та армиска област по секоја цена требало да го повратат изгубениот дел од Македонија, особено кон Крива Паланка.

-6 Април 1991ва, во Прилеп се одржа првиот конгрес на ВМРО-ДПМНЕ., се оствари сонот на Драган Богдановски.

-6 април 1997 година,почина  Никола Минчев Животниот пат на Никола Минчев е исполнет со непрекината активност и творештво уште од пред војната – во напредното младински и студентско движење, потоа како активен учесник во Народноослободителната борба и Револуцијата од нејзиниот почеток од 1941 година, како и во периодот по ослободувањето во социјалистичката изградба на земјата.  Не случајно се вбројува меѓу најодговорните државно-политички функционери на Република Македонија. Бил член и потпретседател на Владата на Република Македонија, потпретседател на Собранието на РМ, член на Сојузниот извршен совет, претседател на Извршниот совет на Собранието на Социјалистичка Република Македонија, член на Советот на Федерацијата, на ЦК СКЈ и на ЦК СКМ, на Политбирото и на Извршниот комитет. Повеќе од една деценија Никола Минчев бил на функции во Федерацијата. Беше член на Сојузниот извршен совет и ги извршуваше функциите министер за финансии на Југославија и директор на Сојузниот завод за стопанско планирање. Со својата богата и плодна активност, Никола Минчев во текот на целиот свој живот давал значаен придонес во изградбата на Република Македонија. Функцијата претседател на Собранието на Република Македонија ја извршување со голем успех од 23 септември 1968 до 6 мај 1974 година.

Претходниот артикал,Свадба на Војче и Вера-1978
Следната статијаВозот Ќирчо

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука