На денешен ден 7 Април

0
91

-7 април 1941 при бомбардирање на  Скопје загина Стојановски Тончев Борис од Мралино.(Нема фотографија)

7 април 1941 година покрај Скопје и Велес бил бомбардиран при што биле разрушени околу 200 куќи, а уште толку биле оштетени, распукани или делумно запалени. Тогаш во бомбардирањето на градот загинале граѓаните:Андова Ката, Брзакова Рајна, Брзаков Ристе, Брзакова Љубенка, Гајдов Коле, Грацковалиева Сутка, Дебарлиев Петре, Демниева Сута, Ѓорчева Благојка (Сиљанова), Ѓорчева Љупка, Ѓорѓиев Тодор, Ѓурѓевиќ Радица, Ингилизова Сава, Јанева Коцка, Јанков Алексо, Марковиќ Цвета, Митев Панче, Мицева Ката, Мицева Аница, Мицев Тодор, Николов Ангел, Најдова Грацковалиева Павлина, Николова Божана, Палашев Аспар, Петрушев Диме, Петрушева Ефка, Петрушев Борче, Поппанчев Никола, Поппанчева Магда, Пупулиев Борис, Ржарова Милка, Ристов Никола, Ристова Пандора, Скубарова Павлина, Софијанова Ленка, Србов Круме, Станков Тодор, Тотх Розалија (Фаркот), Чорева Мица, Чорева Веселинка, Чингаров Васе, Чупчев Тоше, Џампалов Никола.

 -7 април 529 година бил издаден првиот нацрт на „Кодекс Јустинијанус“,кодификација на империјалните закони (конечната верзија излегла во 534 година). Потоа следеле „Дигеста“ – збирка од постари правни текстови во 533 година и „Институционес“ – упатство кое ги опишува принципите на правото. „Новелите“ – збирка од нови закони донесени во времето на владеењето на Јустинијан, била продолжение на „Кодексот“. За разлика од останатите делови од Корпусот кои биле објавени на латински, „Новелите“ биле објавени на грчки.
Кодификацијата овозможила преживување на римското право. Таа ја формирала основата на подоцнежното Византиско право. Единствената западна провинција каде што било воведено Јустинијановото право била Италија, од каде потоа се пренело низ западна Европа во XII век и станало основа за современите европски правни системи.
Во негова чест, скопскиот Правен факултет го носи името Јустинијан I

-7 април 1902г. загина македонскиот револуционер , војводата Методија Патчев, роден е во Охрид 1876 година, а загинал во 1902 година во Кадино Село, заедно со уште седум комити . Тој  на 6 април 1902 година, на селскиот празник, Благовец, дошол со шестмина соборци во Кадино Село, Прилепско, за да покрсти нови членови за организацијата, бил предаден и опкружен од турскиот аскер и башибозук. Додека Војводата со четата биле сместени во старата кула, а народот за тоа време бил во црква, околу пладне во селото дошле околу 500 вооружени луѓе, меѓу кои аскер од Битола и познатиот разбојник Расим со 25 души. Селаните ги закопале македонските херои во црквата “Света Богородица”, а подоцна ги откопале и ги погребале во заедничка гробница на селските гробишта. За Војводата Методи Патчев испеани се повеќе песни. Една од нив е и песната „Јас Методи Патче од Охрида“:

-7 април 1922г. на пат за Атина романската кралица Марија извесно време се задржала на стамицата во Скопје ,каде била пречекана од претседателот на општина Скопје Александар Буквиќ,командантот на Армијата Крсто Смиљаниќ и грчкиот конзул.

ФОТОГРАФИЈА ОД УБИЕНИОТ ДИМЧЕ МИРЧЕВ

-7 април 1944 година по жестока и нерамноправна борба со бугарската војска и полиција во близина на Градскиот парк во Кавадарци во куќата на Иге Златев загинаа народните херои Киро Крстев и Димче Мирчев. Киро е налбатски работник, а во напредното младинско движење се вклучил во 1940 година. Во септември 1941 година е еден од првите борци на првиот кавадаречки партзански одред. Во септември 1942 г. е член на Месниот комитет на КП за Кавадарци, Во 1943 година е борец во одредот “Добри Даскалов“, а веднаш по тоа и член на Обласниот комитет. На 4 април 1944 г. заедно со Димче Мирчев во куќата на Иге Златев организираат една поголема група младинци за во партизани. Вечерта на 6 према 7 април се откриени и куќата е опколена од голема бугарска војска и во борбата која трае неколку часа загинаа двајцата херои Киро Крстев и Димче Мирчев

-7 АПРИЛ 1953.- Во Белград умре Димитар Влахов, македонски револуционер, политичар и публицист.   Бил деец на Македонската револуционерна организација.
„Македонското движење не е ниту бугарско, нити грчко, нити српско.Македонија е земја што заслужува да биде една одделна единка, чиј народ е посебен народ во смисла на тие на соседните балкански земји, тој има своја историја, своја култура, своја непрекината во текот на десетици години револуционерна дејност за ослободување и тој народ има свој голем придонес во делото на општословенската култура“  Роден е во Кукуш, Егејска Македонија, на 8 ноември 1878 година.

-7 АПРИЛ 1963.- Донесен е уставот со кој називот Федеративна Народна Република Југославија е сменет во Социјалистичка Федеративна Република Југославија, а Јосип Броз е прогласен за доживотен шеф на државата.

-7 АПРИЛ 1992.- САД ги признаа поранешните југословенски републики Словенија, Хрватска и Босна и Херцеговина.

-7 април 1993 година Советот за безбедност донесе Резолуција 817/1993 со препорака до Генералното Собрание за членство на Македонија во Обединетите Нации.

-7април 1999г. кај Горно Блаце беше убиен Благојче Крстаноски (†26) од страна на   со снајперски истрел, од територијата на Косово и Метохија. Благојче беше првата жртва на вооружените сили во независна Македонија.

Претходниот артикал,Младинци од Илинден во 70-те
Следната статијаИлинден расадник на фудбалски голмани

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука