Теа Божиновска-женски фудбал

0
1025

Родена на 25.09.2003. Живее во н.м Миладиновци-Илинден.

Теа започна да се занимава со фудбал од нејзината 10 годишна возраст. Желбата да игра фудбал одсекогаш ја имала.

Нејзината сестра била голман, па тоа дополнително влијаело таа да се определи за овој спорт.

 Најголема мотивација и е нејзиното семејство, кое секогаш ја подржува во она што го прави. Нејзините почетоци се во женската фудбалска екипа на ОУ,, Браќа Миладиновци”.

Најголема заслуга за она што е Теа денес ја има нејзиниот наставник по физичко Дејан Димитриевиќ.

Тој ја повикал да се приклучи во екипата на основното училиште, каде со него Теа има бројни успеси, меѓу кои 5 пати прваци на град Скопје и 3 пати освоено 3-то место во државно натпреварување.

Потоа, на 13 години таа се приклучила на женската фудбалска школа Џи-Џи,предводена од Снежана Трпевска.

За една ипол година од постоење на клубот, тие успеале да обезбедат пласман во младинските полуфинални натпреварувања.

 Во текот на таа година Теа добива покана за собир на женската Македонска Репрезентација до 15 години и до 17 години. Беше дел од развојниот турнир во Црна Гора(со репрезентацијата до 15 години) и развојниот турнир во Босна И Херцеговина(со репрезентацијата до 17 години).

Исто така играше и за квалификациите за Европско Првенство против екипите на Франција, Унгарија и Босна И Херцеговина.

 Оваа сезона Теа се приклучи во тимот на ЖФК Тиверија од Струмица,настапува за првиот тим на Тиверија, каде смета дека стекнува одлично искуство од нејзините соиграчи и од својот тренер Славе Велков.

 Теа исто така насапува  и за младинската екипа на Тиверија , која е првак на Македонија.

Најчесто игра на позицијата како полушпиц, но понекогаш и на позицијата крило и бек. Нејзиниот идол е Џеси Лингард од Манчестер Јунајтед, екипа за која навива одсекогаш. Нејзината цел е да успее во фудбалот и да склучи интернационален договор.

Населба Илинден на Теа Божиновска и посакува успешна фудбалска кариера и да и се оствари нејзината цел.

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука