Како и во многу други , речиси сите села од скопска Блатија ,така и во Кадино во 17 век-1689 година по турско-австриската војна завладеела голема чума и сите села биле уништени,знаете дека и Скопје тогаш поради тоа е запалено.
Обновата на повеќето села од скопска Блатија на денешните локации се случила во 18 век,а според некои верувања сите села кои се обновувале требало да најдат два вола близнаци и да заорат бразда околу селото , а таму кај што ќе се скрши ралото да се подигне крст ,како заштитник на селата од разни боллести и непогоди.
Така било според кажувањата на постарите и во Мралино , тогашно Белимбегово и други ,така настанал и првиот крст од клесан камен во Кадино , кој порано беше непосредно до овој но во некој период бил урнат,а пред неколку години обновен и денес од верници и подржувачи на верувањата и традициите организирани од црковниот одбор од Црквата Свети Илија во селото ,холтикултурно го уредија просторот околу крстот.
Според писмените кажувања на Звонко Најдовски, стариот крст кој беше на ова место беше делкан од камен , некаде пред 1980- та година војската од касарната на Аеродромот беа чести посетители на Кадино, еден од нив Сафет К… на враќање во касараната,тука на влезот го малтретирал друг војник најверојатнао кој бил на стража на стражарницата која била влез во касарната.
Малтретираниот војник С.К. после неколку дена го начекал тука негде после крстот војникот што го малтретирал и го претепал . После извесно време натепаниот војник во знак на револт пијан го искршил крстот, поточно краците и така остана само вертикалниот дел од крстот.
Оштетениот крст долго време така стоеше како бетонски столб без краци.
По извесно време покојни Драган Дач, го направи металниот крст поставен на денешната локација.
.