Во древните култури постоело верување дека прагот на заедничкиот дом е место на кое демнат зли духови, а ранливите младенци биле предмет на нивните желби.
Се сметало дека духовите лесно можеле да влезат во невестата преку нејзините стапала. Поради тоа младоженецот имал должност да ја пренесе невестата преку прагот, за да ги спречи духовите да влезат внатре во домот. Во време на Средниот век во западна Европа се верувало дека невестата ќе внесе несреќа во куќата и својот брак, ако застане на прагот при првото влегување во заедничкиот дом, но пренесувањето преку прагот го решило и тој „проблем‟.
Исто така како причина за овој обичај се кажува дека по словенските пагански обичаи се верувало дека духот на покојните претци од семејството на младожењата лежат под прагот .
За младата не згазне на нив,младожењата ја пренесува преку прагот , со што искажувал почит према неговите предци.
Со доаѓањето на невестата во нова куќа во иднина ќе се наоѓа под заштита на светецот на младожењата,под неговото крсно име и семејната куќна слава.
дома Верувања и Обичаи Обичаи поврзани со свадби ЗОШТО МЛАДОЖЕЊАТА ЈА ПРЕНЕСУВА НЕВЕСТАТА ПРЕКУ ПРАГ НА НЕГОВИОТ ДОМ.