ДА СЕ ЗНАЕ ВИСТИНАТА
КАДЕ БЕВМЕ?
Каде бевме во далечната 1955-70 година во село Бујковци имаше формирано културно друштво китно со играорна и пеачка група од тие години. Во селото постоеше библиотека со солидна разноразна литература за тоа време. Просториите во куќата на семејството Спасови – Колеви се користеа за потребите на ”КУД КИТКА”, библиотеката и фудбалскиот клуб.
Бројни беа настапите на ‘КУД КИТКА’ во скопските и кумановските села.
Иницијатори за убавото и напредното беше дело на генерација напредни ентузијасти во тоа време. Тоа беше генерација од која покасно ќе произлезат врвни професори, инжињери, лекари, архитекти, геометри, офицери, подофицери сите родум од селото.
Дали Бујковци во тој период важи за село со најголем број високо образовани? – ДА!
55-70 година Бујковци беше село со преку 30 високо образовани кадри кои беа на врвни раководни места во тој период во установите на град Скопје.
Автори на убаво и напредното беше генерација за почит во селото и околината со еден збор ќе речам убаво дело, убаво село, убава улица авенија права – опоен багремов мирис од кој не боли глава. 50-60тите години во селото постоеја свињарска фарма и сточарска фарма.

1955-1956 основното осумгодишно училиште ”Браќа Миладиновци” прерасна во основно осумгодишно училиште, благодарение на напредните сили на село Бујковци и Миладиновци. Во тоа време во ова училиште своето осумгодишно образование го продолжуваа ученици од селата: Миладиновци, Бујковци, Текија, Дељадровци, Бучинци, Мршевци, Ајватовци, Бунарџик, Марино, Белимбегово, Коњари, Дивле, Сушица, Студена Бара па дури и од некои села од Крива Паланка.
Вредно е да се напомене дека своето осумгодишно дообаразование преку изведување на вечерна настава го стекнаа многу луѓе од постарата генерација.
Не заборавно е да се напоменат активностите на наставен план а да не се напоменат учествата на нашите ученици на разни натпревари. Видни беа резултатите на нашите ученици на сите полиња спортски, наставни и акциски натпревари. Учеството во атарите на лозовите насади на ”ЗИК Скопско Поле” беа активности на нашите ученици кои средства покасно се користеа за посетите на историски знаменити места широм Југославија. Не заборавни беа посетите на Кумровец, Лозница, Тршич, Крагуевац, Крушево, Прохор Пчински и многу други. Да не се заборави и учеството на група наши ученици на слетот во Белград по повод денот на младоста, пречекот на штафетата и нејзино предавање на великанот на тоа време – другарот Тито. Во училиштето постоеше училишна книжарница – ботаничка градина, како и мини живинарска фарма. Сите активности на часовите по домаќинство ги имаа учениците од погорните класеви.
Кога бев мал не одев на бал,
во Марино и Белимбегово,
одев да се нагазам кал.
КАЈ ОСТАНАВМЕ? – Со почит,
Кај отидовте!
Перо Стојановски