Археолошки локалитет во наша близина
„Архео Парк Бразда`
На локалитетот Градиште во селото Бразда (општина Чучер-Сандево) пред неколку години беше отворен прв македонски археолошки парк на површина од околу 1000 квадратни метри.
. Долги години од неговото откривање на локалитетот Градиште, село Бразда беше недостапен за посетители, а многуте случајни и намерни минувачи немаа можност да се информираат за особеностите на ова значајно културно наследсво.

. „Во текот на изминативе неколку години, се преземаа активности за средување на овој локалитет со кои: целата дива вегетација и ѓубре беа отстранети, внатрешноста на гробницата беше исчистена, платото пред гробницата беше нивелирано, се изгради пристапна патека со два моста, се исчисти речното корито од ѓубре, се постави инфо табла и патокази и се изработи веб страница за паркот.