Хотелот “Бристол”

0

 Се наоѓа во близина на старата Железничката станица е крстен според истоимениот ланец хотели. Семејството Караџа се доселило од Грција во Велес. На возраст од 12 години, односно во 1899 година, како најстар син на семејството Караџа, Ташко дошол да учи занает во Скопје и се вработил кај скопскиот трговец Петар Атанасов Чучукпетров каде што помагал во трговијата на големо. По некое време, Ташко во Скопје го повлекол и својот брат, а подоцна и сестрата. Браќата Караџа заедно со зетот Андровиќ во 1912 година ја основале фирмата “Караџа, Андровиќ и Ко”, која постоела се до 1947 година. Ташко починал во Солун во 1931 година, а неговото место во фирмата го зазел син му Јован. Браќата Атанас и Ристо Караџа, кои биле цене­ти скопски трговци и угледни граѓани, го изградиле хотелот “Бристол” во 1924 год, во собите вовеле и телефонски приклучоци, имале гаража со капацитет за неколку автомобили.

По војната, хотелот, инаку сопственост на семејството Караџа, ја дели судбината на многу други слични објекти – бива национализиран! Колку што му е познато на потписникот на овие редови, со него во различни периоди управуваат различни општествени фирми (од „Метропол“ до „Македонија турист“). Хотелот, иако се наоѓа во самиот епицентар, релативно добро го преживува земјотресот. Сепак, поради оштетувањата е срушено неговото десно крило. На тоа место е направена хотелска бавча, онаа што ја знаеме и денес.

Нема коментари

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука

Exit mobile version