За ова Свето место досега имаме објавено повеќе фотографии, но сега за прв пат истото го преставуваме во уметничка слика масло на платно дело на нашиот сограѓанин,Академскиот сликар Новица Трајковски.
Манастирскиот комплекс е веднаш над автопатот кон Куманово. Манастирот е изграден во 1921 години, врз темелите на старо светилиште. Осветен е во 1935 година, кога бил завршен и иконостасот.

“Карактеристично за овој манастир е што, покрај Соборната црква ‘Свети Ѓорѓи’, има уште 4 светилишта. Црквата посветена на раѓањето на света Богородица, црквата ‘Света Злата Мегленска’, параклис посветен на света Петка и на света Недела и параклис посветен на свети Михаил и свети Гаврил. Ако има повеќе од 4 светилишта во еден манастирски комплекс, тој станува црковна лавра и е единствена во Кумановско-осоговската епархија. Манастирот е познат и по тоа што тука се наоѓа гробот на митрополитот полошко-кумановски Кирил. Негова желба беше тука да биде погребан”баш тука.
Посетителите во манастирот можат и да преспијат. Тој располага со конаци, во кои има 8 двокреветни соби.
Во црквата има просторија и исцелителен крст, на кој паровите се молат за да добијат принова. Според кажувања на старешините од манастирот имало случаи луѓе кои по 10 години не можеле да добијат дете, по посетата на манастирот да добијат принова. Парови доаѓаат не само од Македонија туку и од други земји, па дури и од муслиманска вероисповед”.