ТВРДИНА МАРКОВИ КУЛИ -ПРИЛЕП

0

Тврдината Маркови Кули, го претставува некогашниот средновековен град на легендарниот владетел Крале Марко, син на кралот Волкашин. Големата тврдина се издигнува над Прилеп, еден од најстарите градови во нашата земја кој бил и главен град на средновековното кралство на кралевите Волкашин и Марко и место каде може да се почуствува духот на средновековната ера. Прилеп секогаш претставувал упориште на Македонските владетели, тоа е град кој е посветен на својата култура и традиција, на своите легенди и херои. Во римскиот период, оваа мала селска населба се проширила во југозападното подрачје, за што сведочат пронајдените мермерни украси од една ранохристијанска базилика. На јужниот ѕид стојат добро сочувани три кули. Неколку слаби извори на вода овозможувале живот на врвот во ограничен обем. . Со долгогодишните ископувања (од 1959 г. речиси непрекинато до денес) откриени се траги од предисториска населба; во раната антика тука израснала населба Керамија, обновена во доцната антика. Тогаш било изградено цврсто обѕидие со малтер. Керамија останала селска населба до крајот на антиката и не достигнала ранг на град и епископија. По смртта на кралот Марко, во 1395 година, оваа населба била заземена од турската стража, поради што животот во неа згаснал во целост. Според некои историски наоди, оваа тврдина до втората половина на XIII век и подоцна ја бранеле само 40 војници. Жителите на некогашната населба свое засолниште побарале во блиската околија. Така, во подножјето на Маркови Кули се развила населба со разретчена структура, поделена во неколку маала, секое со своја црква. Оваа нова населба од XIV век го добила името Варош, под кое постои и денес.

Нема коментари

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука

Exit mobile version