дома Историјат Образование низ времето 113 годишнината од смртта на македонскиот револуционер Гоце Делчев

113 годишнината од смртта на македонскиот револуционер Гоце Делчев

0

113 ГОДИНИ ОД СМРТТА НА ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Учениците од ООУ „Гоце Делчев“ од Населба Илинден, во спортски дух го одбележаа патрониот празник на училиштето и 113 годишнината од смртта на македонскиот револуционер Гоце Делчев, чие име со гордост го носат,од основањето на училиштето во 1945 до денес.
Во рамките на одбележувањето на патронатот беа организирани бројни спортски активности во кои учествуваа сите ученици од училиштето. Наместо класичната приредба, како досега, учениците за прв пат имаа можност патрониот празник да го одбележат со натпревари во спринтерско трчање и крос, штафетни трки, скок во далечина, влечење на јаже, шах, кошарка, одбојка и ракомет…

Целта на ваквиот начин на одбележување на патрониот празник е да се придонесе младите на Општина Илинден да бидат насочени кон вистинскиот 

пат, со здраво тело и здрав дух да чекорат низ животот, зашто само така ќе си помогнат и себеси и на својата земја.
По повод одбележувањето на патронатот, делегација на Општина Илинден и преставници на други основни училишта од нашата општина ,положија св
ежо цвеќе пред спомен бистата на Гоце Делчев, што се наоѓа во дворот на училиштето, при што учениците подготвија пригоден рецитал.

Нема коментари

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука

Exit mobile version