дома Историјат Образование низ времето 5 ОКТОМВРИ Е СВЕТСКИ ДЕН НА УЧИТЕЛИТЕ

5 ОКТОМВРИ Е СВЕТСКИ ДЕН НА УЧИТЕЛИТЕ

0

Професијата учител, по некаква слободна дефиниција, е благородна професија, која го издигнува човекот на еден висок – хуман пиедестал, како личност со високи морални и интелектуални квалитети

Денешнава   објава за светскиот ден на учителите ја посветуваме на нашите први учители на мајчин македонски јазик во Илинден и тоа за: Михаил и Марија Мелникови и Анче Дејановска.

-Михаил и Марија Мелникови

 На 14 септември 1945г. Во  Населба Илинден(тогашно Белимбегово) за прв пат е отворено основно училиште на македонски јазик.Први учители се брачниот пар Михаил и Марија Мелникови.Михаил е руски емигрант кој се доселил во Македонија  ,а Марија е од Градот Велес,тие се првите учители кои покрај редовното изведување на наставата по македонски јазик организирале и спровеле многу аналфабетски курсеви за описменување на возрасното население кај нас.Според нивните забелешки тие оделе од куќа во куќа да обезбедат ученици за редовно школување како и за доброволци возрасни за вонредно описменување .Наставата ја изведувале ми мизерни просторни услови и школски помагала.Во Илинден останале и по нивното пензионирање односно  до крајот на својот живот .Како многу правични луѓе својот имот по нивната смрт го оставија на државата, со претходно оставен тестамент за тоа.

-АНЧЕ ДЕЈАНОВСКА, целиот работен век го помина во нашето ООУ Гоце Делчев –н.Илинден.Во Илинден се доселила во 1950 година и до крајот на својот живот остана да живее и работи тука.Млада полна со љубов полет,ја започнала својата учителска кариера . Во тешките повоени услови ,саздава блиска соработка со  населението.Покрај редовната активност со учениците таа формира и аналфабетски курсеви за описменување на возрасното неписмено население,сиот културно-забавен живот во училиштето и селото го организирала Учителката Анче .Најголема нејзина љубов беа децата-учениците ,таа немаше нејзин пород ,но затоа како мајка ја доживуваа многу генерации деца од Илинден.

Учителката АНЧЕ беше носител на сиот култтурно –забавен живот и во селото сите културни активности во селото беа во нејзина организација. А, фолклорот и беше особена љубов ,со нејзината училишна фолклорна секција беше формирано КУД Илинден во 1975 година.Нејзината топла насмевка ,нежниот збор,нејзината искреност и љубов кон учениците и населението ,ќе останат длабоко врежани во срцата и душите на населението од Илинден.Почивај во мир наша учителке АНЧЕ ДЕЈАНОВСКА,ти остави неизбришлив траг во Илинден.

Нема коментари

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука

Exit mobile version