дома Историјат Образование низ времето Марија и Михаил Мелникови,први учители

Марија и Михаил Мелникови,први учители

0

14 септември 1945г. Во  Населба Илинден(тогашно Белимбегово) за прв пат е отворено основно училиште на македонски јазик.Први учители се брачниот пар Михаил и Марија Мелникови.Михаил е руски емигрант кој се доселил во Македонија  ,а Марија е од Градот Велес,тие се првите учители кои покрај редовното изведување на наставата по македонски јазик организирале и спровеле многу аналфабетски курсеви за описменување на возрасното население кај нас.Според нивните забелешки тие оделе од куќа во куќа да обезбедат ученици за редовно школување како и за доброволци возрасни за вонредно описменување .Наставата ја изведувале во мизерни просторни услови и без никакви школски помагала.Цел работен век го имаа поминато во основното училиште во Илинден, за тоа врема купија плац и изградија куќа.

Во Илинден останале и по нивното пензионирање односно  до крајот на својот живот. А, како многу правични луѓе својот имот по нивната смрт го оставија на државата, со претходно оставен тестамент за тоа.

Нема коментари

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука

Exit mobile version