Учениците беа воспитувани ,ама и „казнувани“ од учителите на разни начини и тоа колку се враќаме наназад толку и „казнените мерки“ биле посурови.Секој дежурен мораше да донесе од дома „воспитна прачка“ за на немирните ученици.Клекнати на коленици на песок или жито.Стоење во ќош и гледање во зидот,кубење за коси,влечење за уши и други.
И што е интересно учителите секогаш имаа полна подршка од родителите за тоа што им се прави на нивните деца.Учителот секогаш беше ценет и почитуван без разлика на се,секој ученик ќе направеше многу кружење, само да не се сретне на улица со учителот.
Да, сигурно погоре наведените „воспитни методи“не биле во ред, ама и денешнава состојба исто така не е во ред. Сега таквата состојба е во обратна насока, денес учителите се тие кои трпат непочитување ,па дури и насилство од учениците.
