Денес, Ви ги преставуваме активностите на Црковниот одбор при Црковниот храм Св.Пророк Илија од Кадино-Илинден.

Во пресрет на 2-ри Август-Св,Илија , денот кога се одбележува денот на патронот на Кадино, Црковниот одбор посвети големо внимание на разубавување на внатрешниот дел од црковниот објект,како и уредување неговите придружни содржини и дворот.
Потребните средства за уредувањето се дар од месното население ,кои како прилози ги оставаат во храмот.
Покрај дарување на финансиски средства голем дел од активностите за уредувањето се завршени со учество на верници со работна рака.
Потег кој треба да одбележи и пофали !