Денс по повод празникот Св.Троица ќе ви преставиме еден од неколкуте скопски верски објекти посветен на празникот,а тоа е Света Троица — македонски православен храм во селото Бардовци.
Црквата се наоѓа на малиот рид – височинка над самото село Бардовци.

Во кругот на црквата постојат конаци, помошни простории, трпезарија и гробишта. Фасадата е обновена и обложена со камен во поново време. Во внатрешноста има убав фрескоживопис дар од селските семејства и натписи на современ македонски јазик како и на старословенски и старословенска кирилица.
Над влезот на црквата стои македонското 16-зрачно сонце.