*Св.„Петар и Павле“— се наоѓа на ридот над самото село и се забележува како знаменитост од сите страни. Во дворот непосредно до црквата стои стар камен крст, за кој може да се претпостави дека можеби е подигнат во 1844/45 поради натписот на таа година во грбот на Ајватовци кој стои придружните згради во дворот на црквата Изградбата на Црковниот храм „Св.Петар и Павле“започнала на 10 јуни 1992година во пресрет на верскиот празник посветен на Св.Петар (Петровден),ден кој месното население го слави и како селска слава.
Црквата е речиси целосно доизградена ,а со пристапите до неа со автомобили и пешачки скали,како и донесување вода ова место стана едно од најувите излетнички места во нашата средина .
Особено на викендите и другите празници ова свето место е масовно посетено од населението од околни села и градот Скопје .
Ова место заслужува да се види ,односно посети и да уживате во еден панорамски поглед на цела скопска околија.
