дома Историјат Војвода Васил Стојанов -Аџаларски

Војвода Васил Стојанов -Аџаларски

0

Војвода Васил Стојанов -Аџаларски,роден во 1880г во тогашно Аџалари ,денес Миладиновци .Со својата чета дејствувал во скопско-кумановскиот регион.Во 1901г бил уапсен и затворен во Куршумли Ан во Скопје .По излегувањето од затвор во 1903г.тој повторно се вклучил во револуционерното движење,при што водел неколку борби со турски чети и бил омилен меѓу народот во Скопје и околината.Дејствувал до 1908г.,а потоа се легализирал и приклучил кон Санданистите во Народната федерална партија ,неговата популарност станала толку голема што тоа почнало да им пречи на турците.Во 1909г тој е убиен во Скопје ,на неговиот погреб сите занаетчии во Скопје ги затвориле дуќаните во знак на жалост.Големата присутност на погребот се претвориле во масовни демонстрации на скопјани .Погребан е во црквата„ Св,Димитрија “во Скопје

Нема коментари

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука

Exit mobile version