дома Култура Фолклор и Музика Ѓоко Јовиќ @ „Енерџи Бенд“

Ѓоко Јовиќ @ „Енерџи Бенд“

0

*ЃОКО ЈОВИЌ,пејач на изворни и новосоздадени народни песни,член на „Енерџи Бенд“-Скопје.
Тој,и „Енерџи Бенд“се едни од најплодотворните музичари ,препејувај ќи и создавај ќи нови македонски песни.Овој наш веќе надалеку афирмиран Бенд, со полно право велиме наш, затоа што повеќето од половината негови членови се наши сограѓани и живеат во Илинден.
Инаку Ѓоко Јовиќ потекнува од село Балинци Валандово , потекнува од семејство чија одлика биле неколку особини од кои доминирала хармонијата, растел во среќно и весело семејство, па со започнувањето на средното образование со себе ја носел и желбата за музика, паралелно со учењето се изградувал и како личност, и како музичар. По завршувањето на средното училиште во Скопје, заминал на отслужување на воениот рок ,каде што бил известен , дека неговата прва композиција е прифатена на еден од најреномираните фестивали во Македонија, на престижниот фестивал „Фолк фест – Валандово“. Во 2006 година настапил со композиција која носеше наслов „Црвена вишна“, среќата за прв пат беше на негова страна и освоил прво место, а со тоа всушност и започна неговата кариера, од тогаш започнал професионално да се занимава со музика. Во периодот од 2006 па се до 2008 година настапувал константно на настапи од различен карактер, а во 2008 година повторно настапил на „Фолк фест – Валандово“ со нова композиција насловена како „Низ песна ќе те испеам“. Од 2006 година неговите настапи и кариерата константно растеа и беа во нагорна линија, во 2012 година повторно настапил на „Фолк фест Валандово“ со композицијата „Синот единец се жени“ кај што повторно беше награден од публиката. Потоа се случи дуетот со Милица Кузмановска „Клуч од рајот“ со кој настапиа на „Роса фест“во 2013 година со песна на која тој е автор на музика и аранжман, а текстот е на добро познатиот Орце Зафировски, кој е исто така автор на повеќето негови песни. На негово задоволство на “Роса Фест” плачеше цела сала, а со тоа и „Туѓина, пуста далечина“ беше неговата одскочна даска за понатамошната богата кариера. По „Туѓина, пуста далечина“ односно во 2014 година дојде до соработка со една од најреномораните фолк дами на македонската естрада, Благица Павловска со која ја снимиа песната „Круна на љубовта“. Со оваа песна тој и Благица Павловска ја освоива „Гран при“ наградата на фестивалот „Филиграни“

. Во 2010 година стана активен член на групата “Енерџи Бенд” како вокален солист. Соработка со овој Бенд е беспрекорна до ден денес, функционираат како една душа и едно тело. Чест и задоволство му е да каже дека сега живее во една од најубавите населби во околината на Скопје, населба Илинден. Минатата година во еден од најелитните ресторани„ РОЗЕНБЕРГ“не само во општина Илинден ,туку и во Скопје и пошироко,ја одржа промоцијата на неговото прво ЦД.Промоцијата беше посетена од голем број љубители на неговата песна.
Особено е благодарен и задоволен од соработката со сите членови на Бендот,а тоа се:
-ИВИЦА ЃУРОВСКИ-ударни инструменти ,живее в
о населба Илинден ,уште од најмала возраст член на КУД„Илинден“ од Илинден,како играорец.Потоа беше член на неколку музички состави ,а од 1984г. се активира во музичката група „Енерџи Бенд“

-ПАНЧЕ ВЕЛКОВСКИ , главна клавијатура во Бендот ,живее во населба Илинден .
Тој е еден од основачите на „Енерџи Бенд“и горд е на тоа што Бендот сеуште успешно функционира и постои.
-ГОЦЕ ДИНЕВСКИ,бас клавијатура,потекнува од Кумановско ,а живее во Скопје.
-АЛЕКСАНДАР ТРАЈКОВСКИ ,свири на повеќе дувачки инструменти ,живее во Скопје ,вработен во националниот Ансамбл за народи песни и игри „Танец“ од Скопје.
Ѓоко Јовиќ искажува задоволство што е одлично прифатен од сите жители од општина Илинден. Тоа што го постигна во досегашната музичка кариера го исполнy-

ва во целост, музиката му беше единствената и најголема желба, и таа желба му се оствари. Го живее својот сон. Живее во сопствен стан во општина Илинден, среќно е оженет татко е на две прекрасни деца. Во неговото семејство владее хармонија , љубов,разбирање од каде има голема и најискрена поддршка и мотивација во животот.

Пред неколку месеци бендот и Ѓоко остварија повеќенеделна успешна турнеја во Австралија.

Населба Илинден на Ѓоко Јовиќ и Енерџи- Бенд им посакува успешна кариера.

Ѓоко Јовиќ и „Енерџи Бенд“,на прославата по повод 8-ми март ,во ресторанот „РОЗЕНБЕРГ“.За расположението на гостите сликата кажува се.

Нема коментари

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука

Exit mobile version