дома Култура Културно-уметнички настани и промоции 21-ва Пензионерска Регионална ревија

21-ва Пензионерска Регионална ревија

0

Вчера во Домот на Културата во  Илинден, Нашето Здружение на Пензионери „Илинден“ беше домаќин на 21-ва Регионална ревија на песни музика и игри, каде учество зедоа околу 130 учесници од пензионерските здруженија од Илинден, Гази Баба, Кисела Вода, Сарај, ОВР како и Здружението на воени пензионери.

Пензионерските  здруженија преку своите преставници учесници на оваа ревија се преставија со одлични пејачки и фолклорни настапи.

Нашето здружение иако најмладо и по број најмалубројно, се истакна со одлични изворни песни и игри .

Салата во Културниот беше преполна и сите учесници на ревијата ги добија заслужените аплаузи од присутните .

За одбележување е и тоа што салата во која се одржуваше ревијата беше прекрасно декорирана со килими и други фолклорни елементи ,домашна изработка во сопственост на жените учеснички од Илинден..

Нема коментари

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука

Exit mobile version