МАТЕЈ СПАСОВСКИ-млад автор на збирката раскази „Приказни зад аголот“
Матеј Спасовски е роден на 9 август 2004 година во Скопје,живее во Марино-Илинден ,ученик е во седмо одделение,во OOУ “Гоце Делчев” – н.Илинден. Инаку книгата ја промовираше Марта Марковска, а присутните имаа можност да слушнат извадоци од неговото дела во изведба и од самиот автор.
Неодамна во присуство на голем број ученици, наставници, родители и гости во Дом на култура „Илинден“ на култура „Илинден“ беше промовирана неговата збирката раскази „Приказни зад аголот“.
Тој уште од најмала возраст изразуваше љубов кон пишувањето.а неговиот талент за пишување ни го прикажува преку неговата прва книга раскази насловена “Приказни зад аголот”.Тој во оваа книга се обидел да ги опфати сите секојдневни настани кои што се карактеристични за денешницата.Тој вниманието го насочил и кон љубовта,и кон детството и детските лудории,меѓутоа пред се се обидувал преку некои негови раскази да не насочи кон виситнскиот пат и да ни укаже за нашите грешки.Матеј Спасовски истотака е и добитник на наградата прозна гравитација за млад автор која ќе му биде доделена на овогодинешниот меѓународен фестивал “Поетски синтези”кој ќе се одржи овој месец,во Битола.На овој фестивал освен Матеј учевство ќе завземат и другите наградени автори за овогодинешниот фестивал.Талентираниот млад ученик Матеј Спасовски најавува дека работи на нов прозен ракопис и дека неговиот талент во пишувањето штотуку ќе се развива. Во оваа прилика Матеј посака да искаже особена благодарност кон својата прва оделенска наставничка Golupka Davitkova и сегашната наставничка по македонски јазик Ivana Velinovska Boceska,од кои секогаш добивал поттик и подршка за пишување.Да напоменеме и тоа дека во изминатите две години петмина ученици од ООУ „Гоце Делчев“ издадоа 6 свои книги, што претставува успех со кој можат да се пофалат малку училишта во нашата земја.
Населба Илинден на Матеј му посакува плодна писателска дејност.
