дома Култура Нови фотографи Изградена е  Tрим патека, Ајватовци- Бучинци

Изградена е  Tрим патека, Ајватовци- Бучинци

0

Изградената и уредената  патека е во должина од 5 километри и наменета е за пешачење, рекреација, како и планински велосипедизам,

Поставени се информативни табли во населените места Ајватовци и Бучинци, трим патеката е обележана со патокази по нејзината должина, поставени се на неколку локации летниковци со клупи за одмор, како и корпи за отпадоци.

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, претседателката на Совет, Верче Мицевска и директорот на ЈКП „Илинден“, Борче Мицановски, ја посетија трим патеката и истакнаа дека со изградбата се овозможува поголема искористенот на туристичкиот потенцијал кој го поседува Ајватовски ред и од големо значење е за оние граѓани кои имаат спортски и авантуристички дух.

Проектот за изградба на трим патеката е предвиден  во Стратешкиот план за развој на општина Илинден за 2022-2026 година.

Општина Илинден ја изгради ,а рекративците,спортистите и останатите посетители на оваа рекреативна локација треба да се грижат за поставените реквизити, со цел да ги користат повеќе генерации.

Нема коментари

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука

Exit mobile version