дома Култура Стари фотографии Фотографија од родот Колевски Бујковци

Фотографија од родот Колевски Бујковци

0

На фотографијата се дел од фамилијата Колевски од Бујковци-Илинден.

Колевци  се доселени од Битолското  село Цапари, како богато сточарско семејство во Бујковци се доселени пред околу 120/150 г.

Податоците се според кажувањата на  од нивниот чукун дедо Коле и неговите синови Нојко и Трајко.

 Од Цапари се иселиле бидејки го подржувале и помагале македонското револуционерно движење бидејки имале проблеми со турската власт.

 Прв кој се доселил  во Бујковцие Нојко Колевски,тој  имал синови по име Цветко,Петре,Ристо и ќерки Пандора,Љиљана и Наска сите родени во Бујковци.

Трајко имал синови Јованче,Никола,Денко и ќерќи Васа и Митра сите родени во Бујковци.

Куќна слава на родот Колевски е св.Никола повеќе од 1 век.

Родот-фамилијата  Колевски е една од најголемите во селото Бујковци.

Прилог од Nikola Messi Smilkovski

Нема коментари

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука

Exit mobile version