На фотографијата Јане и Јовка Ѓорѓиевски.
Јане припаѓа на родот „Крошнарови“кои потекнуваат од Мралино , преселени во Бунарџик и од Бунарџик Јане се доселува во Илинден околу 1930 година,каде се жени со Јовка, која припаѓа на староседелскиот род „Колеви“.
Во долгогодишниот брак на Јане и Јовка им се изродиле шест деца:Трајан,Атанас,Никола,Ѓорѓија,Петар и Лоза.
Денес нивните потомства воглавно живеат во Илинден и еден дел во Јурумлери.
