СЛУЧКА ОД ЖИВОТОТ
На фотографијава Митре (1892-1970) и Анѓа(1896-1981) Ѓорѓиевски од Бунарџик,Анѓа потекнува од родот Шкодреви од Илинден.
Со овој брачен пар се врзува една тажна приказна од нивниот живот,имено нивниот син Александар бил учесник во првата светска војна и во еден ден неговата фамилија добила абер дека тој погинал на фронтот.
По неколку месеци Митре и Анѓа со пошироката фамилија отишле да жнејат жито, а бидејќи нивата била покрај патот за Бунарџик , во еден момент нивниот син враќај ќи се од војска ги гледа како неговата фамилија жнее ,ама сите облечени во црнина.
Во еден момент настанало вчудовидување од една страна слушнале дека погинал и дали да му кажат зошто се облечени во црно или не.
Дури откако сите почнале да ја фрлат црните шамии од себе на Александар му станало јасно зошто фамилијата е во црнина.
