Слика направена непосредно по втората светска војна 1945г.На сликата, Божа и Страхил Илиевски и Ангел и Ангелина Стојановска од Арачиново.Во тоа време Арачиново претежно беше населено со македонско население .Во тој период носијата била рачно изработена – своерачно ,секоја домаќинка покрај сите домашни работи што ги обавувала, морала да спрема и облека (руба) за сите членови од семејството .Кај младинците се гледа влијанието на тукушто завршената војна ,сликани со војнички капи .Во тој период било голем срам да се оди „гологлав“,без капа или шамија .Од сите лица на сликава денес единствено жива е Баба Божа, таа потекнува од староседелскиот род Савеви од Илинден и денес е една од постарите жители на Илинден. Населба Илинден и посакува добро здравје и долг живот .
