дома Култура Стари фотографии Прв КАМИОН„ПРАГА“ во Илинден

Прв КАМИОН„ПРАГА“ во Илинден

0

На сликата првиот камион„ПРАГА“ во сопственост на земјоделско-сточарското стопанството 1-Мај, кој воопшто го имало во 1958 година во тогашно Белимбегово ,па и пошироко.

Од оваа временска дистанца можам да кажам дека првиот на фотографијата е Мирче магационерот , тој помеѓу двете женски особи е Драган Десниќ од Кадино ,кој беше чиновник-главен магационер, а двете женски особи се работнички во стопанството.

Во долниот ред се дел од управата на стопанството,а во позадина е управната зграда на стопанството ,која постои и денес, која со уште две-три други градби се единствени од пред земотресот во 1963 г. Во Илинден.

Управник на тогашното стопанство беше Киро Несторовски

Нема коментари

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука

Exit mobile version