дома Култура Стари фотографии Стариот дом во Илинден

Стариот дом во Илинден

0

28 ноември 1948г. започнала градбата на „Народниот Дом во Илинден“Во употрeба пуштен е на 28 ноември 1952г. Домот е граден со материјална и финансиска помош на државата и ударничка работна рака на граѓаните од Илинден,Марино,Ајватовци и Бунарџик.Секој полнолетен жител требало да одработи по 40 часа(ударнички-бесплатно) во изградбата на истиот.Инаку домот преставувал седиште наНародниот Одбор во кој влегувале погоре именуваните села.По растурањето на колективизација (СРЗ),со домот раководеле повеќе организации истиот се довел во руинирана состојба, иако тој на два пати е саниран.Со првата санација во 1964 г. се намали висината на салата за еден кат. Во текот на своето постоење домот се користел за отварање на прва продавница во него,прожектирање филмови внатре и надворешно на зидот,Културно забавен живот,за амбуланта ,училиште,простории на М.З.,Месна Канцеларија ,Пошта и друго.Во 2011 г. домот е урнат и на истото место е изграден денешниот Дом на Култура Илинден.

Нема коментари

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука

Exit mobile version