Елена, со уметност, цртање и креативност започнала уште од најраното детство. Уште како дете знаеше на свој начин да го нацрта или искреира тоа што ќе го замислеше, да му вдахне душа и да го направи уникатно, единствено и оригинално.

Дел од тие нејзини детски цртежи подоцна беа препознаени и објавени во детски списанија како “Развигорче” , “Другарче” и други.
Во основното училиште учествуваше на многу општински, градски, државни и меѓународни натпревари, каде внесуваше многу љубов во своите дела, а резултат беа секогаш освоени високи места, признанија и дипломи.
Основното училиште го заврши како “Првенец на генерацијата”, и патот во животот ја однесе во поинаква насока од уметноста…
Заврши средно економско училиште, дипломира на државниот Универзитет “ Св. Кирил и Методиј”, на департман сметководство и ревизија, горда е на успехот што го оствари и знаењето кое го стекна со нејзиното образование.
Меѓутоа, покрај се, уметноста остана дел од неа и постојано и беше нешто што ја опушта, и дава мир и сила да се избори со сите препреки и да верува во себе.
Љубовта кон уметноста што ја носи во себе уште од најмали нозе никогаш не згасна, напротив, само стануваше се поголема и поголема.
Затоа, наместо хоби, донесе одлука својот талент да го претвори во нешто што ќе го работи и професионално, каде што ќе посвети многу внимание, труд и време и ќе се издвои по својата оригиналност.
Последниве неколку години и го прави тоа, секогаш изнаоѓа начини како да направи нешто повеќе, да стигне подалеку, да го надогради своето знаење и да се усоврши до максимум.
Изведува разни експерименти во своето творештво, комбинира техники, изнаоѓа нови начини на изработка на уметнички дела, а црта се што и е инспирација и желба.
Не се ограничува и знае дека секоја замисла може да се претвори во уметничко дело и да трае вечно.
Секој нареден цртеж за неа е нов предизвик, нова авантура и уште една привилегија што и се укажува и овозможува да внесе дел од нејзината душа во новото дело.
Во моментов највеќе работи портрети и карикатури во техника молив и моливи во боја, правец, кој се смета за најтежок во уметноста бидејки бара многу посветеност, забележување на најситни детали, прецизност и финост во работењето, а токму со тие карактеристики може да се опише и самата себе. Нејзите дела ги објавува на мојата facebook страница: Elena Todorovska Art, на следниот линк: https://www.facebook.com/ElenaTodorovskaArt/ и на instagram: elena.todorovska.art, на следниот линк: https://www.instagram.com/elena.todorovska.art/