дома Култура Литература и Уметност Катерина Трајковска – уметник

Катерина Трајковска – уметник

0

Катерина Трајковска,ликовен уметник ,родена во 1990г . во Скопје ,живее во Населба Илинден.
Основното образование го заврши во О.У.Гоце Делчев во Илинден ,а средното и високото образование во Скопје.
Студиите за ликовна уметност ги започна во 2009г.на Факултетот за ликовна уметност во Скопје во класата на Проф.Димитар Малиданов.
Дипломирала на отсекот за графика со конзервација и реставрација ,во јуни 2013г.
За време на студирањето учествувала на повеќе групни изложби и колонии во повеќе градови низ Македонија .
Големата љубов кон ликовната уметност, сигурно во неа се вкоренила уште од нејзиното најрано детство ,гледајќи и растеjќи покрај ликовните дела создавани од нејзиниот татко Новица Трајковски ,познат и афирмиран ликовен уметник кај нас и во светот.
Инспирацијата за нејзиното творештво ја црпе од природата –природните убавини,пејсажите,а покрај тоа сака и да слика ,црта портрети и …
Од уметничките правци најмногу ја привлекуваат симбоизмот и постимпресионистичкиот стил.
Неодамна во Домот на Културата Илинден , со своите уметнички дела сликани со акрилна техника на платно со пејсажи од природни убавини, учествуваше во заедничката изложба со нејзиниот татко Новица Трајковски.Нејзиното творештво доби високи позитивни критики од афирмирани стручни лица од ликовната област и многу други врвни афирмирани личности од други области ,пред голем број посетители на изложбата.
Нејзиното прво ликовно преставување пред јавноста ,беше доживеано како на не пролетана птица ,која не само што ги раширила крилјата и се стреми да полета ,туку како птица која со својот лет веќе длабоко навлегла во непрегледното и широко уметничко небо ,кое веќе успешно го освојува .
Моментално длабоко е посветена на припремата за нејзината самостална изложба ,која со нетрпение ја очекуваме.

Нема коментари

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука

Exit mobile version