Снежана Колевска – уметник ,настапува со самостална изложба во Центарот за култура Крива Паланка.
Снежана потекнува од Кадино-Илинден , каде што завршува основно образование во училиштето “Ристо Крле”-Кадино. Уште од најрано детство покажува интерес по предметот ликовно образование и исто така со своите цртежи учествува на ликовни натпревари на кои има освојувано награди и дипломи. Во средношколскиот период по наговор на нејзините најбиски започнува поинтезивно да се занимава со сликарство и до сега учествувала на повеќе групни изложби.Инспирацијата за незиниот уметнички труд ја црпе од природата, природните убавини и пејсажите кои најмногу се застапени во нејзините дела. Од уметничките правци најмногу ја привлекува импресионизмот.
Населба Илинден на Снежана и посакува плодно уметничко творештво.
