дома Култура Литература и Уметност Веле Саздовски-уметник

Веле Саздовски-уметник

0

ВЕЛЕ САЗДОВСКИ –СЛИКАР
Жител на Населба Илинден ,од 1977г.од кога започнал да се занимава со сликарство, до денес има работено во многу верски објекти-цркви во скопско и пошироко.Веле е самоук сликар ,љубовта кон оваа професија ,цртањето икони ја носи од мали години ,а голема заслуга за ова има неговиот дедо Димитар, од кого го научил овој занает.


Веле за сликање користи растителни бои измешани со јајце,најстара техника, за изработка на икони и фрески.Во работата многу голема помош има од неговата сопруга Лепа ,која е постојано со него и заеднички живописале многу верски објекти.


Покрај цртањето на фрески и икони ,тој реставрира стари икони . Во зимскиот период, кога не дозволуваат временските услови за цртање ,тој успешно го користи тој период уште за еден негов занает изработка на народни инструменти кавали,гајди,зурли и други.
Веле и Лепа ,покрај што прават одлични музички инструменти ,тие знаат и одлично да свират со истите.

Покрај тоа Веле е и добар занаетчија –ковач,овој  занает го научил од својот татко ,за свои потреби изработува разни алатки кои му се потребни за негови потреби.
Населба Илинден им посакува добро здравје и уште многу икони,фрески и музички инструменти.

Нема коментари

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука

Exit mobile version