дома ОПШТИ ПОДАТОЦИ Сообраќај Развој на автобускиот превоз во Илинден

Развој на автобускиот превоз во Илинден

0
*Развојот на локалниот автобуски превоз од Илинден кон Скопје и обратно редовно започнал да се одвива од 1965 година. Тогаш, започнала да функционира автобуската линија со број „63“ на ЈСП “Скопје”. Автобусот тргнувал од плоштадот “Слобода” и, движејќи се по автопатот, стигнувал до надвозникот кај железничка станица “Илинден”,пред влезот на Живинарската фарма,каде му била почетна станица од Илинден.
. Неколку години подоцна -1967/68 година , по изградбата на патот Илинден-Маџари, автобусот со бр. „63“ се движел по тој пат, најпрвин до почетокот на селото (кај што се двојат улиците бр. “8” и “9” кај Стопанска банка денес), а малку подоцна и до училиштето “Гоце Делчев”. По неколку години истата автобуска линија била продолжена најпрво до Кадино,а по извесен период и еден крак кон селата Мралино, а другиот кон Бунарџик и Ајватовци.
На 6 мај 1974 година била пуштена новата автобуска линија број 66, која сообраќала до с. Миладиновци, а која минува низ горниот крак на улицата со бр. “8”.
Денес, низ Илинден покрај автобусите на „ЈСП“,“сообраќаат и автобусите на приватното сообраќајно претпријатие „Слобода Превоз“ од Скопје. . Со развојот на автобускиот сообраќај сé помалку бил користен железничкиот превоз. Меѓу првите приватни автопревозници со приватни автобуси од Илинден биле: Тоше Атанасовски, Стојанче Нацевски и други.
До 1965 г.автобусот како превозно средство кој сакаше или мораше да го користи до Град Скопје ги користеа автобуската линија „50“„55“одејќи пешки до Маџари или Арачиново.
Инаку како најстаро превозно средство кое било користено од населението од нашава средина до Град Скопје и околите села била чезата и шпедитерите тоа се  најстари превозни средства за превоз. Потоа се јавува возот односно шинобусот кој пред се користени се од населението селата долж железничката линија и тоа:Дељадровци,Бучинци,Текија,Мршевци,Бујковци,Миладиновци,Бунарџик ,Ајватовци,Марино и Илинден, села од денешна општина Илинден ,додека пак  Кадино и Мралино за превоз го користеа автобускиот превоз на ЈСПа Скопје преку линиите 52 и 53 .
Во денешно време  автобусите ни застануваат на неколку десетина метри од нашите живеалишта и ги има преку целиот ден до полноќ.
За разлика од денес,  порано на жителите од селата кои се оддалечени и по 3-5 км.од железничките станици морале да пешачат и повеќе од еден час да стигнат на одредена железничка станица и да ги искористат услугите на возот кои ги имаше по два-три пати во текот на денот во двата правци.

Нема коментари

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука

Exit mobile version