Овој шинобус беше најсовремено превозно средство за превоз на населението во шеесетите години од минатиот век.Жителите од
Илинден,Марино,Бунарџик и Ајватовци ,работници,пазарџии,ученици и други од овие села ја користеа железничката станица Илинден.Во еден период беше премија да се качат патниците ,иако шинобусот застануваше на железничката станица ,затоа што тој доаѓаше преполнет со патници од Куманово и селата од Куманово до Миладиновци.Во сообраќај беа вклучени две класи (два вагона).И во една таква „неприлика“ за патниците кои ја користеа железничката станица Илинден шинобусот беше блокиран од патниците и надлежните мораа да вклучат уште две класи (2 вагона) и така се надмина тој проблем кој траеше многу години .Генерациите постари од 50-60год.со оваа слика ќе се потсетат на тоа време ,