Железничка станица Миладиновци
Станицата е изградена околу 1887г.,кога е пуштено и првото пробно патување со воз од Скопје до српскo –турската граница .Станицата е една од првите железнички станици изградни на потегот Скопје –Куманово.Првата станична зграда изградена била со камен ,тули и варов малтер ,новитет за тоа време затоашто наместо вар обично во тоа време се користело кал.Зградата била со подрумски простории,приземје и кат,на приземјето покрај чекалната биле и службени простории,додека на катот биле станови за персоналот.На почетокот на 20 век Миладиновци било меѓу поглавните села во блатијата,а од станицата се вршел главниот транспорт кон Скопје и Солун на пченицата и другите производи кои се собирале од околните села .Железничката врска Скопје – Врање, преку с. Аџалари и е предадена на турската влада од страна
на претприемачот на 9 јуни 1887 година, кога е извршено пробно официјално патување од Скопје до српско-турската граница и назад. Максималната брзина на пробниот воз имала 59 км. на час, а средната 51 км. без задржување на одделни станици. Малку подоцна, во 1888 година, кога македонската линија се поврзала со српската,компанијата на Ориенталните железници на линијата Скопје -Врање располагала со 3 локомотиви и 110 вагони.
Речиси сите локомотиви веќе биле од стар тип, а голем број од вагоните биле
отворени.Според еден зачуван возен ред на пристигнување и заминување на возовите
од 1887 година е запишано дека возот што сообраќал на релација Солун – Зибевче – Виена, во Аџалари пристигнувал околу 1,44 часот, а од станицата Аџалари во обратна насока тргнувал во 1,47 часот.
По пропаста на Турската империја и завршувањето на Втората балканска војна
во 1913 година, станицата Аџалари и целата железнчка мрежа во Македонија (Вардарска) била преземена на управување и користење од српската власт. А по оваа година сообраќајот започнал да се нормализира. Експлоатацијата на железничките линии минала во надлежност и управа на Дирекцијата
