дома РАЗНО Ретро и актуелни случки и настани 30 Ноември(Четврток)2023 г. -Пошумување на Ајватовски рид.

30 Ноември(Четврток)2023 г. -Пошумување на Ајватовски рид.

0

Во рамки на проектот „Зелена Општина Илинден“ на 30.11.2023 (четврток) со почеток во 10 часот Општина Илинден ќе реализира акција за пошумување на Ајватовски рид, делот кој беше опфатен со големите пожари летово и беше уништена шума во површина од 30 ха.

Целта на оваа есенска акција е да се обнови шумата и заеднички да ја подигнеме еколошката свест за здрава и чиста животна средина чии придобивки ќе ги чувствуваме сите ние но и генерации по нас. Затоа заеднички сите да се вклучиме во оваа голема акција и да дадеме свој придонес во зачувување на шумите. Грижата за екологијата и здравата животна средина е обврска на секој од нас, па во таа насока одржувањето на зелените површини и садниците е грижа и обврска на секој поединец во локалната заедница.

За поблиски информации обратете се во @ ОПШТИНА ИЛИНДЕН

Нема коментари

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука

Exit mobile version