ЧЕСТИТКИ ДО СИТЕ ПРИПАДНИЦИ НА АРМ
На 18 август 1943 на Славеј Планина Дебарца, од припадници на Битолско-преспанскиот НОП одред „Даме Груев“, од Велешкиот НОП одред „Димитар Влахов“, од Прилепскиот НОП одред „Ѓорче Петров“ и од новодојдени борци од територијата на Дебарца, на 18 август 1943 година се формира Првиот македонски НОП баталјон „Мирче Ацев“.

Затоа тој ден се зема како ден на АРМ.Овој баталјон е прва регуларна воена единица на македонскиот народ.Овој ден со одлука на Владата на РМ на 3 јуни 1993 прогласен е за ден на АРМ.