дома РАЗНО Ретро и актуелни случки и настани Петре, ја урива УНИВРЗАЛНА САЛА

Петре, ја урива УНИВРЗАЛНА САЛА

0

 

УНИВЕРЗАЛНА САЛA

Центарот за организирање приредби Универзална сала-Скопје е резултат на хуманоста на повеќе од 20 држави кои по катастрофалниот земјотрес што ја погоди македонската престолнина Скопје во 1963.

Со капацитет од 1.568 седишта, ЈУ ЦОП Универзална сала од први јануари 1966 година стана дом на срцата на вљубениците во културата и уметноста, место каде што се креираше македонскиот културен и уметнички модернизам.

Во овие 54 години од постоењето Универзална сала беше домаќин на повеќе  театарски претстави, мјузикли  оперски претстави, џез-концерти, балетски претстави, концерти на етно-музика концерти од областа на сериозната музика, хуманитарни претстави, концерти од забавната и од народната музика,претстави и концерти за деца. Токму овие податоци потврдуваат дека Универзална сала е важен актер во креирањето на културната свест во Република Македонија, поради што и во иднина ќе продолжи да ја создава и промовира новата историја на македонската култура и уметност.

Но, Петре Шилегов градоначалник на Скопје со еден потпис одлучи да ја урне Универзална сала. Со уривањето на Универзална Шилегов го урива и еден од симболите на солидарноста, од која се изгради постземјотресно Скопје.

Дали „гушкачите“на ГТЦ ќе ја  „гушнат“ и УНИВЕРЗАЛНА

Нема коментари

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука

Exit mobile version