Стојче Тргачевскиод Кадино, тепан и мачен и осуден на смрт за нашата кауза .
Стојче Тргачевски ,роден 1878-80 година во Кадино, бил еден од попознатите борци за самостална Македонија,активен учесник во комитското движење од нашава средина ,членувал во четата на Војводата Лазо Дивљанец.
Во 1921 година при една хајка за апсење на се што е македонско,само од скопско уапсени биле 175 македонци членови на ревулуционерната организација.

Меѓу осудените на смрт бил и Стојче Тргачевски (Трајчевиќ),како што стои во пресудата, најпрво казната ја издржувал во Идризово.
Спрема кажување на неговиот потомок Ѓорѓија кое се пренесува од колено на колено во родот, Стојче во затворот во Идризово бил затечен окован во синџири.
При таа посета на Стојче му бил предаден поздрав од фамилијата „Ќустек“во форма на змија-смок навезен со ситни монистра ,народна творба која ја имала секоја фамилија од тоаа време која служела за кога се води оро-танец. Ороводецот го вртел околу десната дланка,подоцна заменет со крпче.
Како „опасен“ затвореник Стојче од тогашните власти бил префрлен во најозаглостениот затвор во тоа време во„Лепоглава“,денешна Хрватска.
По неколку годишна робија во „Лепоглава“смртната казна на Стојче му била намалена на 20 години строг затвор, бил помилуван од Српскиот Крал.
Но, Стојче 1924 година умрел во затворот во „Лепоглава“,под неразјаснати околности и ден денес не му се знае гробното место.
Делото на Стојче е многу поголемо од оваа скромен запис ,но сепак ова е прво нешто запишано за него и нека биде повик до постарите и други личности од Кадино,ако имат некои сознанија да ја дополниме оваа објава.
Инаку,Стојче имал шест сина:Ѓоре,Величко,Пеце,Здравко,Богоја и Мите.
За оваа објава користен е извадок од „Политика“од 1921 година и пишан прилог од Слободан Тргачевски ,потомок на бројниот род Тргачевски од Кадино.