дома РАЗНО Ретро и актуелни случки и настани 29 ОКТОМВРИ 2023 ГОДИНА(НЕДЕЛА) ЌЕ СЕ ОДРЖИ ОСВЕТУВАЊЕ НА НОВОИЗГРАДЕНИОТ  ЦРКОВЕН ХРАМ...

29 ОКТОМВРИ 2023 ГОДИНА(НЕДЕЛА) ЌЕ СЕ ОДРЖИ ОСВЕТУВАЊЕ НА НОВОИЗГРАДЕНИОТ  ЦРКОВЕН ХРАМ „ЦАР КОНСТАНТИН И ЦАРИЦА ЕЛЕНА“  ВО НАСЕЛБА ИЛИНДЕН.

0

                                                     ПОКАНА

По повод осветувањето на новоизградениот храм Св.Константин и Елена во н.Илинден, на ден 29.10.2023 (недела) Лето Господово, во 08:00ч. ве покануваме на заедничка Архиерејска Литургија. На истата ќе чиноначалствува Архиепископот Охридски и Македонски и на Јустинијана Прва Господин Господин Стефан и преосветениот Епископ Делјадровско-Илинденски г. Јоаким со повеќе свештенослужители.

По чинот на осветувањето, Ве покануваме на заеднички свечен ручек во просториите на Храмот. — во Ilinden, Општина Илинден.

На 9 Јуни 2012 година поставен е камен темелник за изградба на нов Црковен Храм,камен темелникот го постави Г. Г. Стефан, поглавар на МПЦ-ОА.

Овој ден, како за црквата, така и за жителите на Населба Илинден е со посебно значење, затоа што на овој ден започна изградба на нова и многу поголема црква од 400 м квадратни и висина од 22 метри. .

Нема коментари

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука

Exit mobile version