26 февруари 2004г. ,Македонија се соочи со длабока болка и жал, кога во трагична и се уште неразјаснета авионска несреќа загина Претседателот на Македонија Борис Трајковски ,со својата осумчлена придружба .Падот на авионот се случи на неколку километри пред неговото слетување во Мостар.
Во оваа несреќа загина и нашиот сограѓанин Борис Велинов ,телохранител на Претседателот Борис Трајковски.
Борис,потекнуваше од работничко семејство, личност кој го красеше храброст,ведрина, максимална лојалност , почитуваше и беше почитуван во нашата средина.
Во 90 -те години тој активно се вклучи во создавањето , а во 2001 и во одбраната на Македонија.Зад себе остави сопруга и две деца.
ВЕЧНА ИМ СЛАВА!
